Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измамата ги урна акциите на Volskwagen

Измамата ги урна акциите на Volskwagen

Акциите на произведувачот на автомобил Volskwagen на Франкуфуртската берза паднаа повеќе од 13 одсто, после одлуката на Вашингтон германскиот гигант да повлече околу 500 000 автомобили поради илегално инсталираниот софтвер.

Падот на акциите е последица на фактот што администрацијата на Обама му наредил на Volskwagen повлекување од околу 500 000 автомобили поради илегално инсталиран софтвер да мамат на еко тестови.

Според пишувањата на Блумберг, Volskwagen во своите автомобили наводно тајно инсталирал посебен софтвер, кој за време на тестирањето на американската Агенција за заштита на околината ЕПА уклучувал системи за контрола на издувни гасови.

Поради непочитување на правилата на САД, на германскиот Volkswagen му се заканува казна до 18 милијарди долари.

Врвните автомобилски експерти се запрепастени и гледаат опасност за целата германска технологија на дизел мотори. На овој начин се наштетува и самиот имиџ на возилата со дизел мотор. BMW и Mercedes се соочуваат со истиот проблем, откако во минатите години инвестираа огромни суми во популаризацијата на дизел погонот во САД, како шанса за постигнување предност пред конкуренцијата, првенствено од азиските марки.

Се јавуваат и еколошките организации во Европа, кои се сомневаат дека овие манипулации се применувани и кај возилата на европскиот пазар. Секако дека овие масивни манипулации со издувните гасови не можеле да бидат извршени без врвното раководство на производителот од Волфсбург да биде свесно за тоа. Другите производители исто така се под сомнение.

Слично

Поврзани вести