ИЗЛЕЗЕ УШТЕ ЕДНА КИНЕСКА ВАКЦИНА: Истражувачите го докажаа нејзиниот неутрализирачки ефект на делта сојот
Вакцината против
ковид-19, развиена од единицата на кинеската компанија за биолошки производи Чунгчинг
Џифеи, главно го задржа својот неутрализирачки ефект против делтата варијантата
на корона вирусот, но сепак има мало намалување на ефикасноста, заклучија
кинеските истражувачи во лабораториска студија.
Според Кинеската медиумска група (ЦМГ), научниците и регулаторите внимателно следат дали варијантата делта, што е значително позаразна од другите варијанти на „ковид-19“, ќе ги направи достапните вакцини и третманите недоволни за да ја сузбијат.
Тестирани напримероци кои ја имитираат делта варијантата, примероците од серум од луѓе вакцинирани Џифеи, дадени во три дози, покажаа 1,2 пати намалување на неутрализирачкиот ефект во споредба со честичките кои имитираат претходни варијанти на вирусот, велат истражувачите во трудот објавен пред една недела.
Сепак, тие предупредија дека сè уште се потребни податоци од клинички испитувања или вистинска употреба за да се утврди до кој степен оваа вакцина може да спречи луѓето да се заразуваат со различни варијанти на корона вирусот.
Автори на овој труд беа истражувачи од Институтот за микробиологија при Кинеската академија на науките, кои заедно со единицата Џифеи развиваат вакцина, како и други кинески институции.
