ИЗЈАВАТА НА ОРБАН ЗА МЕШАЊЕ НА РАСИТЕ ГИ РАЗБЕСНИ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ - тие се расистички, сметаат европјаните
Европскиот парламент жестоко ги критикуваше изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан за мешање на расите, нарекувајќи ги расистички.
„Ние, лидерите на политичките групи во Европскиот парламент, силно ги осудуваме неодамнешните отворено расистички изјави на премиерот Орбан дека не сака „луѓе од мешана раса““, се вели во соопштението.
„Ваквите неприфатливи изјави, кои јасно ги нарушуваат нашите вредности содржани во европските договори, немаат место во нашите општества“, додава ЕП.
Орбан: Не сакаме да станеме мешана раса
Орбан за време на говорот во Романија минатата недела рече дека „постои свет каде што Европејците се мешаат со луѓе кои пристигнуваат“ надвор од континентот, што е „свет на мешани раси“.
Од друга страна, продолжи Орбан, тука е карпатскиот басен каде Европејците како Унгарците, Романците и Словаците се мешаат меѓу себе. „Подготвени сме да мешаме, но не сакаме да станеме мешана раса“, рече тој.
„Расизмот и дискриминацијата во сите форми треба недвосмислено да се осудат и да се бориме против нив на сите нивоа“, најавија од Конференцијата на претседателите на Европскиот парламент, во која членуваат шефот на тоа тело и лидерите на политичките групи.
„Погрешно ме разбраа“
Партијата Фидес на Орбан во моментов не припаѓа на ниту една група откако долги години е дел од Европската народна партија (ЕПП).
Во четвртокот унгарскиот премиер во Австрија негираше дека е расист.
„Понекогаш се случува да ги формулирам своите изјави на таков начин што тие се погрешно разбрани“, рече тој за својот говор пред унгарското малцинство во Романија.
Орбан рече дека неговото противење на миграцијата не се заснова на биологија, туку на историја и култура, инсистирајќи дека Унгарија има политика на „нулта толеранција“ кон антисемитизмот и расизмот.
