ИЗЈАВАТА НА ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР ШОКИРА: На Русија треба да и се даде втора шанса
Откако Русија ќе го заврши конфликтот во Украина, треба да и се даде шанса повторно да работи со Германија, изјави во понеделникот германскиот канцелар Олаф Шолц.
Тој повтори дека Москва, сепак, нема да победи.
- На руската влада која ќе стави крај на непријателствата и е потребна шанса да ја обнови економската соработка, во друг момент кога тоа е можно - рече Олаф Шолц во Берлин на состанокот на Источниот комитет за германски бизнис (ОА), трговско здружение фокусирано на односите со источниот Европа, пренесува Телеграф.
- Сега не е време. Во моментов односите што ги имаме се намалуваат – додаде тој, а пренесува неделникот Цајт. Како што вели тој, „ЕУ сега ги заострува санкциите, но Русија ќе остане најголемата земја на европскиот континент по решавањето на конфликтот. Затоа е многу важно да се подготвиме за тоа време“.
Шолц го опиша сегашниот конфликт како обид на рускиот претседател Владимир Путин да ја рекреира Руската империја што наместо тоа ја уништува иднината на земјата, и ја обвини Москва за злосторства против украинските цивили.
– Русија не смее да победи, и нема да победи – изјави Шолц пред бизнис групацијата.
Одлуката на Берлин да го прекине увозот на руска енергија - која главно беше „туркана“ од партнерите на Шолц од коалицијата Зелена - создаде проблеми за Германија, дури и пред испораките на гас да бидат прекинати со саботажа на гасоводот „Северен тек“ во септември, пишува RT и додава дека Германците сега се обидуваат да го надополнат недостигот од други места, но безуспешно.
Претходно овој месец, германскиот амбасадор во Вашингтон ги призна економските проблеми, но рече дека е „мала цена“ да се плати за „длабоката трансформација“ на нејзината земја во ремилитаризирана континентална сила, понепријателска кон Русија и поблиска до САД.
Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, вчера изјави дека „со потпирањето на увозот на енергија од САД, Брисел ефективно заменува една зависност со друга“.
