Изјава на познатиот доктор Фаучи во спот на Трамп, тој вели - изваден сум од контекст
Водечкиот американски имунолог и директор на Американскиот институт за заразни болести, денеска реагираше бидејќи во спот на претседателската кампања на Доналд Трамп за коронавирусот е употребена негова изјава.
„Во речиси пет децении колку што работам во јавната служба, никогаш не сум поддржал ниту еден претседателски кандидат“, изјави Фаучи за Си-ен-ен.
Спотот за кампањата кој трае 30 секунди е одраз на личното искуство на Трамп со вирусот и вклучува краток исечок од интервју со д-р Фаучи во кој се сугерира дека лекарот позитивно зборува за одговорот на американскиот претседател на пандемијата.
„Не можам да замислам дека некој би можел да направи такво нешто“, кажа тој.
„Изјавите, кои без мое одобрување ми ги препишал предизборниот тим на Републиканската партија, се извлечени од контекст, односно од мојот коментар од пред неколку месеци, а се однесуваше на напорите кои во борбата против ковид-19 ги вложија здравствените власти“, објасни имунологот.
Погледнете ја изјавата на доктор Фаучи.
