Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Изиџет“ проговори на кинески

„Изиџет“ проговори на кинески
Нискотарифната авиокомпанија " Изиджет " ( easyJet ) веќе има кинеска верзија на веб-сајтот откако оваа година резервациите од Кина се зголемија за 25% , соопштија од авиопревозникот . Корисниците со кинески јазик ќе имаат пристап до информациите за летовите и до популарната алатка " Inspire Me " , која им помага на клиентите да ги пронајдат најниските цени . Сајтот дава конекција и кон кинеската верзија на резервација на системот за хотели Booking.com . Последните резервации на сајтот покажуваат дека Париз е најпопуларната европска дестинација , следена од Милано , Рим , Ница , Барселона , Лондон , Единбург и Белфаст .
Слично

Поврзани вести