Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгубен е контакт со иранскиот врховен лидер Али Хамнеи?

Изгубен е контакт со иранскиот врховен лидер Али Хамнеи?

Израелскиот весник Јерусалем Пост објави дека е изгубен контакт со иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, повикувајќи се на извори блиски до безбедносните структури. Според информациите, во изминатите часови немало официјални појавувања или јавни обраќања од страна на Хамнеи, што дополнително ги зголемило шпекулациите околу неговата состојба и локација.

Доколку се потврди дека контактот навистина е прекинат, тоа би можело да има сериозни последици врз внатрешната политичка стабилност на Иран, како и врз односите со соседните држави и меѓународната заедница.

Од иранското Министерство за надворешни работи(МНР) велат дека како што им е познато, Хамнеи е жив. 

Инаку, Израел и САД утрово го нападнаа Иран. Двете земји велат дека политиките на Иран се закана за нив. 

Слично

Поврзани вести