Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изградбата на болницата против коронавирус во Кина заврши за рекордно време

Изградбата на болницата против коронавирус во Кина заврши за рекордно време


Изградбата на првата болница за лекување од корона вирусот во Вухан е завршена и ќе започне со работа утре. Тоа е болница од 25.000 метри квадратни во која можат да се сместат околу илјада пациенти

Бројот на починати од коронавируси се искачи на 305, повеќе од 14.000 луѓе се разболеле, а е забележана и првата смрт надвор од Кина - на Филипините. Милиони гледачи на Интернет ја следеа во живо изградбата на две болници во Вухан.

Покрај информациите за ширењето на вирусот, изградбата на две привремени болници во Вухан, град од кој е невозможно да се излезе, па дури и да влезете, го привлече вниманието на светот во последните денови.

Изградбата на втората болница ќе биде завршена в петок. Изградбата на двете болници се пренесува во живо на Интернет, при што напредокот на работниците се следи секој ден од неколку милиони гледачи.


Слично

Поврзани вести