Изгорени тела на 20 мажи се најдени кај напуштен рудник
Тела на 20 мажи се најдени кај напуштен рудник за злато во Јужна Африка.
Откриено е дека телата, завиткани во бела пластика, претходно биле изгорени.
Се верува дека сите жртви се нелегални рудари, кои биле ангажирани во застарени окна во Оркни и Стилфонтеи. Телата, од кои дел биле распаднати, се пронајдени надвор од рудникот и во близина на железничките пруги во Оркни, околу 180 километри југо-западно од Јоханесбург. Полицијата соопшти дека ќе се изврши обдукција.
Слично
