Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗГОРЕ МОТОР НА АВИОН, ПАТНИЦИТЕ СЕ СПАСУВАА СТОЕЈЌИ НА КРИЛО! Драматична снимка од аеродромот во Денвер (ВИДЕО)

ИЗГОРЕ МОТОР НА АВИОН, ПАТНИЦИТЕ СЕ СПАСУВАА СТОЕЈЌИ НА КРИЛО! Драматична снимка од аеродромот во Денвер (ВИДЕО)

Патнички авион на „Американ ерлајнс“ со 178 луѓе се запали откако дефект на моторот го принуди да се пренасочи и принудно да слета во Денвер.

Скај њуз објави дека американската Федерална управа за авијација (ФАА) соопшти дека екипажот на Боинг 737-800, кој полетувал од Колорадо Спрингс, пријавил вибрации на моторот за време на летот.

Поради тоа, авионот веднаш бил пренасочен кон Денвер каде безбедно слетал вчера попладне по локално време.

Снимката која се појави на социјалните мрежи покажува оган и чад што извира од еден од моторите, додека патниците стојат на крилото на авионот.


ФАА соопшти дека ќе истражи што го предизвикало пожарот на моторот, што се случило откако авионот слетал во Денвер и се заобиколил на пистата.

Американ ерлајнс објави дека сите 172 патници и шест членови на екипажот во авионот успеале да излезат од леталото.

Меѓународната управа на аеродромот во Денвер на X објави дека 12 лица биле пренесени во болница со полесни повреди.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести