ИЗГЛЕДА ДЕКА БИЛ ГЕЈТС И ЕПШТАЈН БИЛЕ ПРИЛИЧНО БЛИСКИ - еве што открија медиумите за разводот
Разводот на Бил Гејтс, четвртиот најбогат човек во светот, основач и поранешен директор на Мајкрософт и коосновач на филантропската фондација Бил и Мелинда Гејтс, изненади многумина. Но, во меѓувреме протекоа информации дека на тој развод му кумувало пријателството на Гејтс со починатиот милијардер педофил Џефри Епштајн.
Мелинда Гејтс, наводно, го предупредила нејзиниот сопруг да се држи настрана од Џефри Епштајн, откако двојката се состана со озлогласениот милијардер и педофил во 2013 година во Њујорк, кога покојниот Епштајн веќе беше осуден и издржуваше (делумна) затворска казна за измама на малолетничка.
Иако основачот и поранешен директор на „Мајкрософт“ и коосновач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ го објави својот развод претходно овој месец, „Волстрит журнал“ објави дека Мелинда Гејтс се консултирала со адвокатите за развод во октомври 2019 година, по 25 години брак и непосредно после тоа неговото дружење со Епштајн стигна до медиумите.
Мелинда Гејтс, наводно, била прогонувана со години од врската на нејзиниот сопруг со осуден финансиер педофил кој извршил самоубиство откако бил затворен во 2019 година, потврдија пријателите на парот за „Дејли бист“, во кој се наведува и дека Гејтс му се жалел на Епштајн на своите проблеми во бракот.
Епштејн, згора на тоа, наводно го советувал да стави крај на неговиот „токсичен брак“, како што самиот Гејтс го опиша својот брак на дружења во вилата на Епштајн вредна 77 милиони долари во Њујорк.
Уште поинтересно - и попроблематично за Гејтс - е тоа што тој, наводно, го советувал Епштајн да се обиде да го санира својот имиџ откако одлежа 13 од 18 месеци затвор, за експлоатација на малолетничка за секс. Покрај тоа, извор кој бил присутен на овие собири тврди дека двајцата разговарале за потенцијалната соработка на Епштајн со фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Бил Гејтс наводно пронашол своевидно прибежиште од брак кој веќе бил во криза во дружењето на „машкиот клуб“ во вилата на Епштајн.
"Не е претерување. Посетите на Џефри (Епштајн) беа пауза од неговиот брак. Тоа беше начин тој да се оддалечи од Мелинда", изјави еден извор за Дејли Бист.
Портпаролот на Бил Гејтс за порталот изјави дека нивното „карактеризирање на неговата средба со Епштајн и другите за филантропијата е неточно, како и информациите за тоа кој учествувал во неа, како и дека тврдењето дека двајцата зборувале за бракот на Гејтс сe лажни.
Гејтс и Епштајн првпат се сретнаа во 2011 година.
Бил Гејтс и Џефри Епштајн, наводно, за прв пат се сретнале во јануари 2011 година во Њујорк, и оттогаш тие имале цела низа состаноци.
По тој повод, на Гејтс и Епштајн им се придружија д-р Ева Андерсон-Дубин, поранешната Мис на Шведска со која Епштајн некогаш се дружеше и нејзината 15-годишна ќерка.
Фото Индекс.хр
