ИЗДАДЕНО ЦРВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Офелија ќе урива се пред себе
Ветрови со јачина од 130 километри на час би можеле да ја погодат Ирска.
Издадено е црвено предупредување, објави Националната метеоролошка служба.
Ураганот Офелија преку Атлантскиот Oкеан се движи кон Европа.
Британската метеоролошка служба предупредува на силни ветрови во Северна Ирска, Шкотска и на југот на Англија.
Прва на удар ќе биде Ирска на почетокот на следната недела, соопштија метеоролозите.
Силни и потенцијално разорни ветрови може да предизвикаат поплави, зголемено ниво на морето и оштетување на инфраструктурата, стои во предупредувањето.
Ураганот Офелија е прв ураган што ќе го погоди европското подрачје по 1961 година и е десетти силен ураган кој оваа година се разви на Атлантикот.
Стручњаците велат дека ураганот најверојатно ќе ослаби в понеделник и во вторник.
