ИЗБРАЛЕ НАЧАЛНИК: Сирски соопшти дека Украина формирала воена команда во Курск
Украина формирала воена команда во Курск во Русија.
„На територијата на областа Курск заврши потрагата и уништувањето на непријателот во градот Суџа и уште три населени места. За да се одржи редот и законот и да се обезбедат приоритетните потреби на населението на контролираните територии, формирана е воена команда и е назначен нејзиниот началник, генерал-мајор Москаљов“, вели врховниот командант на вооружните сили на Украина, Олександар Сирски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските трупи имаат целосна контрола над рускиот град Суџа во областа Курск. Во градот, кој е најголем кој Украина наводно го зазела досега, пред војната живееле околу 5.000 луѓе.
