Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРОТ НА ЖИВОТОТ Е НАША ОДГОВОРНОСТ ЗА ИДНИНАТА - Ватикан ја пофали одлуката за абортусот, за Бајден ова е тажен ден за Америка

ИЗБОРОТ НА ЖИВОТОТ Е НАША ОДГОВОРНОСТ ЗА ИДНИНАТА - Ватикан ја пофали одлуката за абортусот, за Бајден ова е тажен ден за Америка

Ватиканската академија за живот денеска ја пофали одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот, велејќи дека е предизвик за целиот свет да размислува за важни животни прашања.

Одделот на Ватикан во соопштение наведува дека одбраната на човечкиот живот не може да се ограничи само на правата на поединецот, бидејќи животот е прашање од „широко општествено значење“, пренесува Ројтерс.

Врховниот суд на САД денеска презеде драматичен чекор поништувајќи ја важноста на пресудата во случајот „Роу против Вејд“ од 1973 година, со која на жената и се признава уставното право на абортус и се легализира низ целата земја.

„Фактот што голема земја со долга демократска традиција го промени својот став по ова прашање е исто така голем предизвик за целиот свет“, се вели во соопштението на Академијата.

Американскиот претседател Џо Бајден ја осуди пресудата и додаде дека денеска е „тажен ден за Америка“, нарекувајќи ги „конзервативците од судот“ екстремни.

Архиепископот Винченцо Пала, кој ја предводи Папската академија за живот, рече дека одлуката на судот е „силен повик за размислување“ за ова прашање во време кога „западното општество ја губи својата страст за живот“.

Изборот на животот е наша одговорност за иднината на човештвото“, рече Паља.

Врховниот суд на САД ја укина пресудата на Роу против Вејд од 1973 година со која се признава уставното право на жената на абортус низ целата земја, технички укинувајќи го федералното уставно право на абортус во Соединетите држави и враќајќи им ја можноста на американските држави да донесуваат закони со кои се забранува.

Слично

Поврзани вести