Изборниот крах нема да ја натера Меркел да ја промени својата политика кон бегалците
Канцеларката на Германија Ангела Меркел ќе го задржи курсот на својата политика кон бегалците, независно од поразот на нејзината партија на локалните избори оваа недела.
Ова го изјави портпаролот на канцеларот Штефан Заиберт, цитиран од AFP.
„Федералната влада ќе го задржи својот курс во однос на бегалската политика, целосно решително како дома, така и во странство“, рече Заиберт на брифинг. „Целта треба да ни е општо, решително европско решение, што ќе доведе до опипливо намалување на бројот на бегалците во сите земји членки“, додаде тој.
Партијата на Меркел Демохристијанската унија (ЦДУ) понесе сериозна загуба во две од трите провинции кои гласаа на локалните избори оваа недела. Во исто време десничарската популистичка партија „Алтернатива за Германија“, која е против либералната миграциона политика на ХДЗ доби двоцифрени резултати во трите провинции.
Заиберт изјави дека канцеларката ќе продолжи да ја следи својата стратегија на работа за зајакнување на безбедноста на надворешните граници на ЕУ и соработка со Турција за намалување на бегалскиот поток.
„Дома ние сме ангажирани со олеснувањето на интеграцијата на луѓе кои бараат заштита тука и кои се прифатени“, рече тој.
Локалните избори во неделата беа едни од најголемите откако Германија го усвои рекордниот број од 1,1 милиони мигранти во 2015 година и за многумина тие беа прифатени како тест за одобрување на бегалската политика на канцеларката. Се очекува Меркел да го има своето прво обраќање по изборите подоцна денес.
