Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборите во Каталонија може да предизвикаат криза во Шпанија

Изборите во Каталонија може да предизвикаат криза во Шпанија

Каталонците гласаат денеска на регионалните избори, кои можат да ја донесат Шпанија во најтешката уставна криза од крајот на диктатурата на Франциско Франко, објавија новинските агенции.

Анкетите покажуваат дека коалицијата од партии кои ја поддржуваат независноста на Каталонија, ќе освои мнозинство во парламентот на ентитетот.

Изборите, на кои се очекува да гласаат до 5,4 милиони луѓе, немаат уставна сила да воспостават самоуправа, но широката коалиција од левичарски и десничарски партии, кои го поддржуваат отцепувањето од Шпанија, го одредува гласањето како фактичко гласање за независност.

Ако сепаратистите добијат мнозинство на регионалните избори во Каталонија, нема да има потреба од референдум за отцепување од Шпанија, изјави нивниот лидер Артур Мас за АФП.

Мас, кој шеф на владата на богатата област во североисточна Шпанија од 2012 година, побара дозвола да организира референдум за независност како оној на Шкотска, која минатата година одлучи да остане во рамките на Велика Британија.

Конзервативната влада на Маријано Рахој одбива категорично, повикувајќи се на Уставот, кој предвидува дека такво прашање треба да се гласа од цела Шпанија. Затоа Мас сака да ги направи изборите за покраинскиот парламент во неделата на референдумот за независност.

Последните анкети покажуваат дека сепаратистите ќе добијат повеќето од 135-те места во парламентот и ќе се доближат до целосно мнозинство на гласовите.

 "Очигледно е дека ако на 27 септември добиеме мнозинството од гласовите и пратеничките места, референдумот веќе ќе е направен ", изјави Мас во пресрет на изборите.

Владата во Мадрид вели дека дефинитивно ќе се спротивстави на секакво грабање на власта од Барселона.

Слично

Поврзани вести