Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изборите во Италија ја намалија цената на нафтата

Изборите во Италија ја намалија цената на нафтата
Цената на нафтата утринава се намали за шест центи, како резултат на очекувањата на трговците за исходот од изборите во Италија, кои можат да доведат до слабеење на вредноста на еврото, наведуваат аналитичарите, пренесува Танјуг. Нафтата за испорака во април, на денешното тргување на Њујоршката стокова берза опадна за шест центи, на 93, 07 долари за барел. Европската „брент“ нафта, што се користи за одредување на цената на различни типови странска нафта, ослабна за 12 центи, на 113, 98 долари за барел. „Изборите во Италија ќе завршат вечерва  и тоа е тоа што трговците ги држи внимателни“, наведува консултантската куќа „ИГ маркетс“ од Сингапур. Според анкетите во Италија, во водство е коалицијата на чие чело е Пјер Луиџи Берзани со 34 отасто гласови, потоа следи коалицијата на Берлускони со околу 30 отсто, Бепе Грило со 17 и Марио Монти со околу 11 отсто поддршка. Берзани наведе дека, доколку победи на изборите, ќе продолжи со буџетската дисциплина што ја почна Монти, што ги израдува финансиските пазари.  
Слично

Поврзани вести