Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ ВО ГЕРМАНИЈА: Десницата ја „тепа“ Меркел во нејзиниот округ

ИЗБОРИ ВО ГЕРМАНИЈА: Десницата ја „тепа“ Меркел во нејзиниот округ

И покрај тоа што бегалци е речиси невозможно да се видат на улиците на Шверин, Росток или некој помал град во покраината Мекленбург-Западна Померанија на североистокот од Германија, десничарско-популистичката Алтернатива за Германија (АФД) токму благодарение на острата критика на канцеларкината политика кон бегалците и се заканува на овонеделните покраински избори да ја „тепаат“ Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел.

Или, на партијата на канцеларката и се заканува пораз во покраината која е нејзин изборен округ во кој е изберена за членка на Бундестагот.

Изминатите недели анкетите воглавно укажуваа дека Социјалдемократската партија (СПД) на вицеканеларот Зигмар Габриел ќе биде водечка, а дека АФД опасно и се приближува на ЦДУ, но само неколку дена пред изборната анкета, која за магазинот „Цицеро“ ја направи агенцијата Инза, покажала пресврт: АФД го презеде водството во однос на СДУ. Според оваа анета, најголема поддршка од 28 отсто има СПД, следи АФД со 23 отсто, а потоа ЦДУ со 20 отсто.

АФД е основан во 2013 како партија која се бори пред се против еврото, при што лани бил речиси загушен поради внатрешните поделби се додека бегалската криза не му даде ветер во грб. Преземајќи ја антимигрантската и антиисламска реторика, новото раководство успеало драстично да ја зголеми поддршката на АфД, освојувајќи ги срцата не само на десничарите туку и на левичарите и сите оние кои се назадоволни со работата на етаблираните партии.

Покраината Меленбург -Западна Померанија примила дури околу 25 000 бегалци, при што повеќе од половина си отишле. Иако тоа значи дека бегалците претставуваат помалку од еден процент од вкупно околу 1,65 милиони жители на оваа покраина, АФД успеал проблемот со преголемиот број на бегалци да го наметне како доминантна тема во кампањата...

Излезните анкети покажаа пораз за Меркел, успех за националистите

Демохристијаните на германската партија Ангела Меркел доживеаа неуспех на денешните избори воПокраината Меленбург -Западна Померанија, пренесоа светските агенции.

Оваа партија го зазеде дури третото место, покажаа излезните анкети.

Најдобар резултат оствариле социјадемократите, а второто место антиимиграционата Алтернатива за Германија што претставува голем успех на оваа партија, која прв пат учествува на изборите.

Според излезните анкети на ТВ, АРД и ЗДФ, СПД освоил околу 30 отсто од гласовите, АфД 21 процент, а ЦДУ 19 отсто, што е најлош резултат на демохристијаните во покраината во која се наоѓа изборната единица на самата канцеларка Меркел.

Партијата Левица, според излезните анкети, добила околу 12 отсто, а Залените пет отсто, пренесе АФП.

Сите партии освен АфД, која прв пат учествува на изборите во оваа покраина, освоиле помалку од порано.

Денешните регионални избори се сметаат за клучен показател на расположението на граѓаните пред германските парламентарни избори во 2017 година.

Се поставува прашањето: Дали Меркел ќе ги добие изборите ако се кандидира за четврт мандат?

Слично

Поврзани вести