ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА: Колку гласови освои партијата на Макрон?
Партијата на францускиот претседател, Емануел Макрон „Република во движење” доби околу 30% од гласовите во првиот круг од парламентарните избори во земја, објави вечерва белгискатат државна телевизија RTBF на француски јазик, повикувајќи се на резултатите од две излезни анкети.
Конзервативната партија на републиканците освои меѓу 19 и 20% од гласовите, по што следи крајно десничарската партија Национален фронт со 17%, а потоа крајно левичарската партија „Франција, која не се покорува” на Жан-Лук Мелансон со 12% и Социјалистичката партија, која освои меѓу 7 и 8% од гласовите.
Слично
