Избори од кои се тресе Европа
Изминативе недели пишуваме доста за Италија. Од заминувањето на Берлускони, преку доаѓањето на Монти и на крај финиширавме со падот на неговата влада и новите избори кои токму денес финишираат. Во меѓувреме берзите ширум Европа пораснаа, Монти успеа да ја врати довербата во државата (барем на хартија) превземајќи серија мерки кои за народот се исклучително непопуларни.
И како што бива таквата ситуација ја искористи Берлускони кој како стар лисец повторно се наметнува во трката за премиер на земјата. Според многумина во Европа ова ќе значи тешка катастрофа за земјата, па дури и некои политичари отворено предупредуваат Италијани да внимаат што ќе правата на изборите.
А Силвио, Силвио си го прави тоа што го знае најдобро, ветува мед и млеко и борба против Германците и ветува дека ќе ги намали даноците а парите кои Монти ги зел на народот ќе ги врати по пошта.
Берлускони засега е втор, додека на првото место е Пјер Луиџи Бершани од Демократкската Партија. Евро лидерите за мир во куќа се надеваат дека Бершани ќе победи и ќе наорави коалиција со Монти.
Тоа е она што го бараат пазарите, а еве ги алтернативите кои ќе придонесат на враќање на паниката на берзите ширум Европа:
- Берлускони победува – Од ова на Меркел ќе и побели косата. Шансите на стариот лисец за победа се некаде 10% , но со Берлускони ништо не се знае. Засега е постојано втор со 3-5% заостанување зад Бершани. Сепак бидете сигурни дека со негова победа ќе гледате многу минуси на индексите на италијанската берза. А веројатно и Европа нема да остане имуна
- Бепе Грило – првин да ви кажеме дека ова не е мејнстрим политичар. Всушност тој е нешто како трет пат. Човеков е блогер, шоумен, колумнист и комичар. Партијата прв пат ќе ја тестира на овие избори бидејќи му е нова. Сепак очекувањата за Бепе Грило се дека ќе освои феноменални 20% проценти од гласовите. Се над тоа може да предизвика нервоза на север, бидејќи никој не знае како тој ќе се однесува кога ќе дојде на власт
- Катастрофа на Монти – Сите знаат дека Монти не може да победи. Меѓутоа сите се надеваат дека Монти ќе биде тасот кој ќе одлучи кој ќе победи. Како што напишавме сите се надеваат дека ќе формира коалиција со Бершани. Но внимавајте..доколку освои под 8% ќе биде незгодно.
Значи елементи за криза може да бидат следниве резултати
1.Берлускони победува
2.Бепе Грило освојува над 25% од гласовите
3. Марио Монти оди под 8%
Епа, броењето може да почне !
Редакција Фактор

Слично