Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ: Како Американците го бираат својот Претседател?

ИЗБОРИ: Како Американците го бираат својот Претседател?
Преседателскиот кандидат на Демократите Ал Гор на изборите одржани 2000та година во САД освои 48,7% од гласовите на оние кои излегоа да гласаат на денот на тогашните избори. Кандидатот на Републканците и новиот претседател на  САД Џорџ Буш помладиот освои 47,9% од гласовите. Овие избори на најдобар можен начин ја изразуваат специфичноста на Американскиот изборен модел. Значи работите стојат вака: -          Секоја од федералните единици на САД носи одреден број на таканаречени електорски гласови. Вкупно има 538 такви електорки гласови. Потребни се 270 за победа. Што е интересното во системот ? -          Калифорнија на пример носи 55 електорки гласа. Доколку таму само за еден глас на пример Обама го победи Ромни, Обама ќе освои 55 електорски гласа. -          Додека на пример во Арканзас кој носи 10 електорки гласови Ромни победи на пример со 10.000 гласови , може да освои максимум 10 и на крајот Обама ќе биде победник. -          Во основа победува оној што има најмногу гласови но сепак фокусот е ставен на електорките гласови, а не на вкупните гласови како што сме ние научени. -          Токму затоа во весниците се пишува за неколку држави кои ќе го решат победникот. Бидејќи нивните електорки гласови ќе решат Како беше во 2.000 та: Благодарение на резултатите се се сведе на Флорида. Кој ќе ја добие Флорида, добива 25 гласови кои ќе бидат клучни. И без да Ве заморуваме премногу, крајниот исход беше следен: Буш го победи Ал Гор за 537 гласови и стана претседател на САД, иако Гор вкупно освои 500.000 гласови повеќе од него.
Слично

Поврзани вести