Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ БРАЗИЛ: Духовите на минатото против монструмите на сегашноста

ИЗБОРИ БРАЗИЛ: Духовите на минатото против монструмите на сегашноста
Втор круг од претседателските избори во Бразил се одржува денеска, на кој граѓаните треба да се изјаснат меѓу актуелната претседателка Дилма Русеф и опозицискиот кандидат Аесио Невес. Најновите анкети предност и даваат на Русеф за нов мандат на претседателската функција, и покрај многубројните критики пред се заради состојбите на бразилската економија. Доколку ги слушаат кампањите на двата главни табора, Бразилците се ставени пред избор што помалку ги плаши - актуелната власт предупредува дека опозицијата ќе ги врати „духовите на минатото“, додека опозицискиот блок ја нарекува власта „монструм на сегашноста“. Претседателската трка во Бразил стана исклучително драматична кога главниот опозициски кандидат Едуардо Кампос загина во авионска несреќа во август, а неговата наследничка Марина Силва веднаш оствари двоцифрена предност во однос на Русеф и Невес. Нејзината кампања беше фокусирана на незадоволството на граѓаните од јавните служби, што беше повод за протестите на Бразилците лани, но сепак не успеа да најде стабилна основа кај гласачкото тело и за неколку недели гласачите ја напуштија. Тоа отвори пат за Невес за убедлив резултат во првиот круг на 5 октомври со кој го зазеде второто место и ја принуди Русеф да оди во втор изборен круг затоа што не доби апсолутно мнозинство. Во последните три недели, кампањите на двајцата кандидати достигнаа точка на вриење, во која Работничката партија на Русеф, која е на власт веќе 12 години, и Социјалдемократската партија на Невес не штедеа меѓусебни навреди и обвинувања. Главен аргумент притоа беше префрлање на вината за економската рецесија со која се соочува земјата.
Слично

Поврзани вести