Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избоден маж во Франција со извици „Алах е голем”

Избоден маж во Франција со извици „Алах е голем”

Жртвата е директор на хуманитарна организација.

Француската полиција започна истрага откако директор на филијала на хуманитарна организација беше избоден со нож денеска од двојка, извикувајќи „Алах е голем". Информацијата ја пренесоа агенциите, повикувајќи се на француското радио „Ороп 1".

Нападнатиот  е одговорен за филијалата „Ресторани на срцето" во место источно од Париз. Организацијата се занимава главно со делење на храна на сиромашните луѓе.

Човекот чие име не се соопштува, е пренесен во болница. Не се знае дали е критична неговата состојба.

Двојката, која го нападнала, носела секира и нож.

Слично

Поврзани вести