ИЗБОДЕЛ ПАТНИЦИ ВО ТОКИСКОТО МЕТРО: Се облекол како Џокер па запалил вагон, а потоа седнал и запалил цигара (ВИДЕО)
Маж облечен како Џокер е уапсен откако избодел најмалку 15 луѓе во приградски воз во Токио. Очевидци опишаа дека напаѓачот истурал запалива течност врз вагонот пред да го запали, предизвикувајќи паника меѓу патниците.
Беше забележано и дека за време на нападот била фрлена хлороводородна киселина на линијата Кеио Експрес до Шинџуку, најпрометната железничка станица во светот.
Токиската противпожарна служба соопшти дека се повредени 17 патници, од кои тројца се тешко повредени.
こやつが
— 生形たけし (@takahashi9811) October 31, 2021
京王線の犯人です
右手にナイフ
左手にタバコめちゃくちゃ手は震えてた
とにかくこいつにむかつきました
すごくみんな必死に逃げて
僕がみんなに窓から出ろ言い死にものぐるいでみんなででてたこいつの前まで来ました
本当に許せなかった
殴りたかったです
#京王線#京王線刃物#犯人 pic.twitter.com/fdlLN9nj1Z
Не сите беа избодени со нож, а повеќето од повредите не беа тешки, додадоа официјалните лица, но еден маж за кој се верува дека има 60-тина години е во критична состојба.
Напаѓачот, идентификуван само како маж на 20-годишна возраст, е уапсен на лице место и е под истрага за обид за убиство, соопшти јапонската полиција. Неговиот мотив засега е непознат.
Нипон ТВ објави дека осомничениот и рекол на полицијата дека бил инспириран од претходен случај на напад со нож во воз.
Ова е втор напад со нож на железницата во Токио во последните два месеци. Во август, само еден ден пред церемонијата на затворање на Олимпијадата, 36-годишен маж избоде десет патници во еден воз. Подоцна и рекол на полицијата дека сакал да нападне жени кои му изгледале среќно.
京王線火災(テロ?)規制線が貼られました pic.twitter.com/TJDkIef0EO
— しずくβ (@siz33) October 31, 2021
Полицијата соопшти дека очевидците рекле дека напаѓачот бил облечен во светла облека - зелена кошула, сино одело и виолетово палто што личело на Џокер од стрипот за Бетмен.
На телевизиските снимки се гледаат бројни пожарникари, полицајци и болничари кои спасуваат патници, од кои многумина избегале преку прозорците на возот.
Шунсуке Кимура, кој снимил едно видео, ѝ рекол на јапонската полиција дека видел патници како трчаат очајно и додека се обидувал да сфати што се случило, слушнал експлозивен шум и видел како се шири чад.
Тој исто така скокнал низ прозорецот, но паднал на платформата и го повредил рамото.
Вратата на возот беше затворена и немавме поим што се случува, па скокнавме низ прозорецот“, изјави Кимура. „Беше ужасно.
извор: Курир.рс/Јутарњи лист
