Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избегната трговска војна: Кина и ЕУ се договорија околу соларните плочи

Избегната трговска војна: Кина и ЕУ се договорија околу соларните плочи
Европската комисија информира дека постигнала „пријателско решение“ со Пекинг во врска со претхдониот судир поради кинеските соларни плочи, пренесува Би-Би-Cи. Двете страни се договориле за минималната цена на панелите, изјавил Карел Де Гухт, европски министер за трговија. Cудирот околу ефтините кинески плочи беше закана за трговска војна помеѓу двете економски сили, откако ЕУ најави  дека ќе воведе антидампиншки мерки на увозот од Кина, обвинувајќи ги производителите од таа земја дека соларните плочи ги продаваат под пазарната цена, како би земале што поголем дел од пазарот и како би се решиле од конкуренцијата. Поради тоа, ЕК најави дека ќе воведе царина на соларните плочи од Кина, а Кина пак, се закани дека ќе ја зголеми царината на европското вино. Кина е најголем светски производител на соларни плочи кој годишно во ЕУ извезува од нив во вредност од 21 милијарди евра. „По неколкунеделните преговори, можам да објавам дека сум задоволен од понудата на минималната цена на кинеските производители на соларни плочи“ - изјави Де Гухт.  
Слично

Поврзани вести