Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избегната нова трагедија на „Малезија ерлајнс“

Избегната нова трагедија на „Малезија ерлајнс“

Компанијата  „Малезија ерлајнс“ повторно се најде во очите на јавноста после две трагедии, бидејќи авион на оваа компанија го избегнал судирот со друг авион на пистата.

Авионот на  „Малезија ерлајнс“, кој требаше да полета од Аделаида во Куала Лампур, беше принуден да запре пред да полета бидејќи на пистата му се попречи авион на австралискаа компанија „Тајгер Ер“ кој по враќањето од Мелбурн се обидел да слета во исто време.

Во соопштението на австралиската служба за авијација, се вели дека наведувањата на медиумите дека авионите „замалку ќе се судариле“ се неодговарачки и дека безбедноста на патниците или авионот во ниту еден момент не биле загрозени, пренесува „Сиднеј морнинг хералд“.

„Малезија ерлајнс“ не го коментираше инцидентот, а безбедносните служби информираа дека нема да го истражуваат случајот.

 
Слично

Поврзани вести