(ВИДЕО) Избегната несреќа во Средоземно море: Италија спасила 3700 имигранти
Околу 3 700 имигранти биле спасени од чамци во близина на брегот на Либија во саботата и во раните утрински часови во неделата, со што се очекува спасувачките операции да продолжат и денеска, откако шверцерите имаат корист од убавото време во Средоземното Море, изјавиле од италијанската крајбрежна стража.
Сите оние кои биле спасени, се насочени кон италијанските брегови, изјавил портпарол на крајбрежната стража, а некои веќе стигнале и до Лампедуза, најјужниот остров на Италија, во текот на ноќта.
Националностите на спасените допрва треба да бидат откриени, изјавил тој.
Во спасувачката операција учествуваат 12 италијански и еден француски брод.
Во април, Европскиот совет излезе со 17 предлози за справување со бегалската криза за зајакнување на воените мисии и хуманитарна поддршка за трети земји и преразпределување на имигрантите во 28-те членки на ЕУ.
Дел од мерките ќе бидат насочени кон јакнење на мисијата на заедницата во Средоземното Море, спречување на илегалните имигранти и охрабрување на солидарност меѓу земјите членки.
Зад овие точки стојат некои конкретни намери. Ќе бидат „барем траен“ буџет на европските мисии „Тритон“ и „Посејдон“ во 2015 година и 2016 година „Тритон“ ќе биде со годишен буџет од околу 120 млиони евра. Исто така ќе биде зголемена и материјалната база и нивните овластувања во рамките на мандатот на европската служба за безбедност на границите „FRONTEX“.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/HiHKlFarPyk[/embed]