Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избегната катастрофа: Пронајден американскиот авион кој мистериозно исчезна над Ла Манш

Избегната катастрофа: Пронајден американскиот авион кој мистериозно исчезна над Ла Манш

Военотранспортен авион „Боинг КЦ-135 на американските воздухопловни сили, за кој светските медиуми објавија дека исчезнал од радарот над Ла Манш, безбедно слетал во британската воена база.

Авионот полетал од францускиот град Амиен, и исчезнал над Ла Манш, а пред да исчезне во 00.20 ч дал сигнал за вонредна состојба во текот на летот, а веќе во 01.20 ч слетал во воената база на британската војска “RAF Mildenhol“ во блиизна на истоимениот град во покраината Сафок.

Да потсетиме, американскиот авион исчезна над Ла Манш само 15 минути после полетувањето од Амиен на северот на Франција.

Радарот последен пат го фатил помеѓу Довер и Кале.

Инаку, овој тип авиони се користат за надополнување на други авиони со гориво во воздух.

Претставник на воздухопловните сили на САД одбил да даде коментар за британскиот весник. Од британското министерство за одбрана изјавиле дека немаат информации за случајот.

С-135 „Stratolifter“ бил направен за вооружување во воздухопловните сили на САД во мали примероци до донесувањето на вооружувањето на подобриот по карактеристики С-141 „StarLifter“, пишува „Lenta.ru“. Авионот има четири мотори, стреловидно крило. С-135 може да превезува истовремено 40 117 кг товар и 126 војници.

На 3 мај 2013 година во близина на границата меѓу Киргистан и Казахстан се урна авион цистерна С-135 на американскиот центар за транзитни пратки во Бишкек.

Слично

Поврзани вести