ИЗБЕГАА ОД ТЕХЕРАН: Колку луѓе се внатрешно раселени во Иран?
Над 3 милиони луѓе во Иран раселени од почетокот на војната.
Според податоците на ОН, повеќе од три милиони луѓе се раселени во Иран од почетокот на американските и израелските воздушни напади. Погодени се помеѓу 600.000 и еден милион домаќинства, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на УНХЦР. Ова одговара на бројот од 3,2 милиони внатрешно раселени лица.
„Веројатно бројот дополнително ќе се зголеми поради континуираните напади“, рече Ајаки Ито, раководител на одделот за итни случаи на УНХЦР.
Повеќето од раселените лица избегале од Техеран и од другите големи градови „за да бараат засолниште на северот од земјата и во руралните области“.
УНХЦР, исто така, го насочи вниманието кон бегалците од други земји кои се најдоа во Иран, кои, исто така, беа протерани од своите домови поради војната. Првенствено станува збор за семејства од Авганистан.
Војната во Иран почна на 28 февруари годинава.
foto printskrin youtube
