Иванка Трамп без пари ќе му биде советник на таткото претседател
Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател на САД Доналд Трамп, потврди дека ќе работи во Белата куќа во улога на неплатен, неформален советник на претседателот.
- Слушнав дека некои лица се загрижени поради тоа што лично ќе го советувам претседателот. Јас ќе бидам вработена во канцеларија во Белата куќа како неплатен службеник и ќе ги почитувам сите етички правила и други прописи, како и сите други федерални службеници, наведе таа преку соопштение.
Доналд Трамп трпеше големи критики дека на средби со странски политичари присутна била и неговата ќерка која во тие моменти немале никакви официјални овластувања и го обвинија за злоупотреба на позицијата, па со овој чекор ќе се обезбеди нејзината легитимност во Белата куќа.
