Итни мерки за вработување на младите во Шпанија
Со итни мерки кои ги претстави денеска, Шпанија ќе ја намалува невработеноста меѓу младите. Како што истакна шпанскиот премиер Маријано Рахој, програмата е вредна 3,5 милијарди евра, а има за цел вработување на младите и давање поттик за покренување сопствен бизнис.
Новиот план опфаќа намалување на придонесите за социјално осигурување за самовработени и за компании што ангажираат работници помлади од 30 и постари од 45 години. Планот подразбира вложувања во обука на млади кои не завршиле средно училиште и овозможува на невработени да бараат надомест додека истовремено имаат извесно самостојни активности. Ако стапката на невработеност во Шпанија е 26 отсто, кај младите овој процент порасна на 55 отсто.
Слично
