ИТНА ВЕСТ: НАТО испраќа авиони Авакс да ја „мониторираат“ ситуацијата во Украина!
НАТО ќе распореди авиони за извидување од типот Авакс во базите во Полска и во Романија со цел да ја мониторираат состојбата во кризната Украина, јави предмалку Би-Би-Си.
Портпарол на НАТО потврдил дека Алијансата дала зелено светло за летовите денеска. „Сите летови на Авакс авионите ќе се спроведуваат исклучиво врз територија на Алијансата“, додал тој.
Чекорот на НАТО доаѓа откако Русија ја зацеменитра својата контрола на украинскиот полуостров Крим и во пресрет на референдумот со кој викендов се очекува кримската област да се определи за припојување кон Русија, јавува Би-Би-Си.
Слично
