Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИТНА СОСТОЈБА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, КОВИД -19 МУТИРА: Дали сега се на удар децата?

ИТНА СОСТОЈБА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, КОВИД -19 МУТИРА: Дали сега се на удар децата?

Се повеќе расте бројот на децата во Велика Британија кај кои се регистрираат симптоми многу слични на вирусот Ковид-19, поради што првично беше издадено предупрдување до лекарите во северниот дел на Лондон, а Педијатриското здружение за интензивна нега, испратило и итно предупредување до сите лекари во земјата.

Предупредување, но до родителите упати и министерката за внатрешни работи, Викторија Аткинс, која за Мирор вели дека во оваа ситуација треба да бидат особено внимателни. 

Како што пренесува Скај њуз, професорот Стивен Повис, директор на Националната здравствена служба на Англија, смета дека се уште е рано симптомите кај децата да се поврзувааат со коронавирусот иако проблемот се третира како итна состојба. Истовремено и сосема псротивно на оценката на Повис, гувернерот Крис Вит, главен медицински советник на британската влада, вели дека веројатност е голема Ковид 19 и актуелната тешката болест кај децата да се поврзани. Британските педијатри велат меѓу нив има огромна загриженост дека воспалителниот синдром би можело да има друг, досега неидентификуван, причинител.


Слично

Поврзани вести