ИТНА МЕРКА: СЗО забранува продажба на живи диви животни на пазарите
Светската
здравствена организација објави ново упатство со кое забранува продажба на живи
диви животни на пазарите со храна за да се спречи ширењето на болести.
Според три клучни здравствени организации, односно СЗО, Светската организација за здравје на животните и Програмата за животна средина на ОН, владите на државите треба да размислат за „итно“ усвојување на упатството.
-СЗО, ОИЕ и УНЕП ги повикуваат националните надлежни органи да ја запрат трговијата со живи уловени диви животни од видот цицачи за храна или за размножување и да затворат делови од пазарите на храна што продаваат живи уловени диви животни од видот цицачи како итна мерка, наведуваат во упатството трите организации.
Слично
