Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИТАР ПРЕТСЕДАТЕЛ: Чешка го намали државниот долг со продажба на Велигденски јајца!

ИТАР ПРЕТСЕДАТЕЛ: Чешка го намали државниот долг со продажба на Велигденски јајца!
Со продажба на украсени Велигденски јајца чешкиот претседател Милош Земан успеа да го смали државниот долг на земјата за 82.000 евра. Не се работи за голема сума, но сепак е значајна доколку се има предвид едноставниот начин на кој ова било постигнато. Имено, Земан организирал спонзорска вечера во замокот Храдчани во Прага, на која 430 ВИП гости можеле да купат некое од 27-те дрвени Велигденски јајца што ги украсиле познати личности, меѓу кои и чешкиот претседател и неговата сопруга. Почетната цена била 370 евра, а најскапо било продадено белото јајце со потпис на Земан, кое достигнало цена од 27.900 евра. Сите пари ќе одат во фондот за намалување на државниот долг што Земан го основа минатата година и во кој секој месец уплаќа по една третина од својата плата - околу 2.200 евра. Со својот пример тој сака да ги мотивира богатите Чеси со редовни уплати да помогнат да се намали државниот долг на земјата, кој според пресметките секоја минута се зголемува за нови 7.400 евра.  
Слично

Поврзани вести