Италијанско село е број еден во светот со стогодишни жители - која е тајната на долговечноста?
Селото Пердасдефогу на Сардинија има многу стогодишници. Тие откриваат во што е тајната на долговечноста. Ова населено место е лидер во светот по бројот на жители кои имаат 100 години.
Еден од плоштадите се вика Пјаца Лонгевита, Плоштад долговечност. Сега во селото има девет стогодишници од 1.780 жители и тоа е признато како рекорд во Гинисовата книга. Најмладата стогодишна жена е Анунчиата Стори, која го прослави својот трицифрен роденден во август. Таа вели дека е „здрава како риба“. Живата и весела, Анунчиата готви минестроне со домашно тесто од Сардинија. Антонио Брунду потврдува дека земјоделството отсекогаш било главната работа на населението. Објаснува дека луѓето дишеле чист воздух. Салваторе Мура, историчар и општински советник вели дека неколку фактори можат да ја објаснат долговечноста. Една од нив е генетиката. Тие јадат храна која се одгледува „на растојание од нула метри“, односно во нивните градини. Вели дека до последниот ден тие се опкружени со членови на семејството. И тоа ги прави физички и психички здрави. Селото на сите заедно го слави стотиот роденден.
