Италијанските пратеници гласаа за повеќе права на геј паровите
Италијанските пратеници денеска гласаа за повеќе права на геј паровите во земјата.
Во долниот дом на италијанскиот парламент, 369 пратеници гласаа за, 193 беа против и двајца пратеници беа воздржани. Се гласаше за пропис кој во февруари го одобри Сенатот.
Законот овозможува геј паровите да имаат исти права како и сите други, а тоа е право на исто презиме, наследство. болнички посети и да донесуваат одлуки за лечење.
Меѓутоа не е одобрен геј бракот, против кој е Римокатоличката црква.
Геј активистите ова го оценија како историски чекор, затоа што овие права веќе ги уживаат во многу други земји.
Слично
