Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанскиот банкарски систем се „дави“ во „лоши“ кредити

Италијанскиот банкарски систем се „дави“ во „лоши“ кредити

Износот на „лошите“ кредити во  италијанските банки достигна 360 милијарди евра.

Италијанските власти и банките во земјата се договорија за создавање на фонд во износ од 4-6 милијарди евра за спасување на банкарскиот систем на Италија. Фондот ќе го носи името „Атлас“. Новиот спасувачки план треба да спречи „грчко сценарио" во третата по големина економија во еврозоната. Италијанскиот државен долг изнесува 132% од бруто домашниот  производ на земјата. Во Италија на „лоши“ кредити отпаѓаат над 17% од сите  кредити.

Премиерот Матео Ренци, кој постави задача за зајакнување на банкарскиот систем, го поздрави формирањето на фондот и вети дека во следните неколку години Владата ќе преземе чекори за да се забрза наплатата на долговите.

Слично

Поврзани вести