Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијански суд:Кражбата на храна не е казниво дело ако сте гладни

Италијански суд:Кражбата на храна не е казниво дело ако сте гладни

Украинецот Роман Остриаков, во 2011 година живеел во Џенова во тешки услови, при што во супермаркет е фатен додека краде сирење и колбаси вредни 4 евра.

Италијанскиот врховен суд пресудил дека крадењето храна не е казниво дело, ако навистина таа храна ви е потребна. Украинецот е прогласен за виновен, осуден е  на шест месеци затвор и требал да плати стотина евра казна. Државниот обвинител ја обжалил одлуката, затоа што според него тоа не е кражба, туку обид за кражба и човекот е фатен пред да ја украде храната.

По ова Врховниот суд, одлучил да ја укине казната затоа што човекот бил гладен и се одлучил да краде за да ја задоволи својата потреба за храна.

Слично

Поврзани вести