Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИТАЛИЈАНСКИ МИНИСТЕР СЕ ИСМЕВА ЗА СОСТОЈБАТА НА ГРЕНЛАНД: Петнаесет Французи, петнаесет Германци – звучи како шега

ИТАЛИЈАНСКИ МИНИСТЕР СЕ ИСМЕВА ЗА СОСТОЈБАТА НА ГРЕНЛАНД: Петнаесет Французи, петнаесет Германци – звучи како шега

Италија одби да се приклучи на европската мисија во Гренланд, откако министерот за одбрана Гвидо Кросето ја исмеа иницијативата што требаше да ја покаже европската солидарност со Данска, пишува Aнса.

„Гренланд. Се прашувам зошто. Патување? Петнаесет Французи, петнаесет Германци – звучи како почеток на шега“, изјави тој во Рим, со потсмев што го одекна низ европските медиуми.

Кросето јасно стави до знаење дека Италија нема да учествува во мисијата и го повика НАТО да ги координира ставовите на земјите-членки за да се избегнат фрагментирани или симболични акции.

Сличен став изрази и премиерката на Италија, Џорџа Мелони. Таа денеска го повика НАТО да развие „координирано присуство“ во арктичкиот регион за да спречи тензии и да одговори на „мешање од други актери“, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп не се откажува од идејата да го заземе островот, за кој тврди дека на САД им требаат за националната безбедност. Ова го соопштија од Белата куќа вчера, откако стана јасно дека дел од европските земји испратиле војници таму. 

Норвешкиот институт „Фридтјоф Нансен“, кој се занимава со меѓународна политика во областите на животната средина, климата и енергијата и биодиверзитетот на Арктикот, во четврток свика конференција за тоа што Данска и Европа можат да направат за да го сопрат Трамп и колку е веројатно да се случи воена инвазија на Гренланд.

Учесниците на конференцијата не беа претерано оптимистични. Директорот на институтот, Ивер Нојман, верува дека Трамп ќе го анектира Гренланд.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести