Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијански град го менува името, имаат добра причина

Италијански град го менува името, имаат добра причина

Италијански град го менува името за да привлече туристи. 

Приморскиот град Валекрозија ќе го смени името во Валекрозија на море за да им биде појасна неговата локација на туристите, беше одлучено на референдум чии резултати беа објавени денес, јави HINA.

Промената на името на градот со околу 7 илјади жители на италијанската ривиера, близу границата со Франција, доаѓа по векови во кои градот се викал Валекрозија. Неговата историја датира од римско време, а се споменува уште во средниот век.

Инаку, 54,15 отсто од испитаниците ја поддржале промената која ја предложи градоначалникот Фабио Пери, кој е на функција од минатата година. Него го иритирал фактот што „Valle“ во името ги наведувал интернет-пребарувачите да го пронаоѓаат градот во внатрешноста.

Ништо друго нема да се промени – поштенскиот број и грбот ќе останат исти, но општината го утроила својот туристички буџет за оваа година.

Лигурскиот брег, каде што се наоѓа Валекрозија, е една од најпопуларните италијански туристички региони.

foto Wikipedia/Vmenkov

Слично

Поврзани вести