Италијански газди: Ги пуштил работниците на одмор и ја преселил целата фабрика
Италијанската јавност остана шокирана од однесувањето на сопственикот на италијанската компанија „Фирем“, Фабрицио Педрони откако ги пуштил сите работници на заслужен колективен одмор, па додека биле отсутни од работа најмил работници да го демонтираат производниот погон и да го преселат во Полска.
На втори август газдата на своите вработени им посакал да уживаат во одморот следните три недели. Уште вечерта почнал да ги расклопува и да ги подготвува за транспорт во Полска машините во фабриката која праавела електронски компоненти со седиште близу Модена.
Сега газдата не се двоуми воисправноста на одлуката. Напротив , вели 49-годишниот Педрони за италијанските медиуми, тоа било неопходно.
"Ако има кажев за планот за преселување на производството во странство ќе ја запоседнеа фабриката и ќе ја конфискуваа. Правата вистина е дека сакав мојата фабрика да опстане, за што во Италија немаше услови", тврди Педрони.
Слично
