Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијански авиони над Балтикот поради руски авион

Италијански авиони над Балтикот поради руски авион

Италијански борбени авиони „Тајфун“, го штитат воздушниот простор над земјите од Балтикот, биле подигнати од воздухопловната база во Шаулаи - Литванија за да го пресретнат наводен руски воздушен танкер над Балтичко Море, објавиле од латвиската армија на „Твитер“.

Авионот-цистерна Ил-78 „Midas“ e дел од единица, со седиште во западниот руски регион, кој се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од Москва.

Русија постојано изјавува дека таквите летови се вршат во согласност со меѓународните правила и не го нарушуваат воздушниот просторот на другите држави.

Во последните неколку месеци НАТО изрази загриженост од активностите на Русија.

Слично

Поврзани вести