ИТАЛИЈАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВЛЕГУВА ВО ЈАХТАТА НА ПУТИН ОД 660 МИЛИОНИ ЕВРА: „Шехерезада“ ќе биде конфискувана
Џиновската суперјахта, која наводно му припаѓа на рускиот
претседател Владимир Путин, е мета на италијанската финансиска полиција, Откако беше најавено дека јахтата
„Шехерезада“ ќе го подигне сидрото и ќе се упати кон Турција, соопштија доцна синоќа италијанските власти.
Истрагата за јахтата „Шехерезада“ трае од март, а е покрената неколку дена по почетокот на руската инвазија на Украина. Иако нема официјална потврда дека е на Путин, италијанската финансиска полиција потврди дека сопственикот е „висок член на руската влада“.
Луксузниот „брод“
вреден 660 милиони евра бил закотвен во Марина ди Карара, а веднаш штом
започнала истрагата, екипажот, претежно составен од Руси, преку ноќ „испарил“,пишуваат
британските медиуми. Следниот ден биле донесени нови вработени, по потекло од
Велика Британија. Капетанот на јахтата е Британецот Гај Бенет Пирс, кој
негираше дека Путин е сопственик, но одби да каже на кого му припаѓа луксузниот
брод.
„Не сум во позиција да ви кажам кој е сопственикот, но сигурни сме дека јахтата мора да биде запленета и во следните неколку часа полицијата ќе влезе и ќе ја конфискува“, изјави Маријатереза Леви од италијанската финансиска полиција.
ФОТО: YouTube Print Screen