Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанската полиција ја заплени јахтата на Мелниченко, најскапа на светот

Италијанската полиција ја заплени јахтата на Мелниченко, најскапа на светот

Италијанската полиција ја заплени суперјахтата на рускиот милијардер Андреј Мелниченко, против кого ЕУ пред неколку дена воведе санкции поради рускиот напад на Украина.

Јахтата наречена „Sailing Yacht A“ е долга 143 метри и вреди околу 540.000.000 евра. Во моментот на заплената таа била во пристаништето во Трст, соопштија од кабинетот на премиерот.

Јахтата ја дизајнираше Французинот Филип Старк, а ја изгради германското бродоградилиште „Нобискруг“. Се смета дека е најголемата јахта во светот, лансирана во 2015 година.

Јарболите на оваа јахта се високи 91 метар, имаат осум ката и се напојуваат од хибриден дизел електричен мотор. Во него има подводна опсерваторија и може да прими 20 гости и 54 членови на екипажот.

На една од палубите била изградена платформа за слетување на хеликоптер.

Андреј Мелниченко важи за еден од најбогатите Руси. Неговото богатство се проценува на околу 20 милијарди долари, според податоците од 2021 година.

Пред неколку дена Европската унија го стави Андреј Мелниченко на листата на санкционирани олигарси, откако Русија ја нападна Украина.

Запленувањето на неговата јахта во Трст е само едно во низата заплени на имотот на богатите Руси, кои минатата недела ги изврши италијанската полиција.

Досега заплениле бројни вили и јахти вредни 143 милиони евра.


Слично

Поврзани вести