ИТАЛИЈАНСКАТА МАФИЈА ВРТИ ОГРОМНИ ПАРИ ВО ТУРИЗМОТ: Два настани во 2025 година ќе им донесат уште поголем профит
Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на Институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика и објавено во вторник.
Прометот и профитот на мафијата ќе се зголемат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони верници кои се очекува да пристигнат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата.
Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската 'Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно.
Камора, која главно работи во Неапол и околниот регион Кампања, заработува повеќе од 950 милиони евра.
Слично
