Италијанска полиција уапсила Македонец – Регрутирал џихадисти?
Maкедонски државјанин е уапсен во реонот на Венеција од страна на антитерористички тим на италијанската полиција.
Тој е осомничен за регрутирање на борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава.
Идентитетот на уапсениот засега не се објавува, а е посочено дека тој бил индоктринирани кон радикалниот ислам од страна на имам од Босна и Херцеговина.
Осомничениот е уапсен во рамки на истрагата против неколкумина лица по потекло од Балканот, кои живееле во североисточниот дел на Италија. Тие се осомничени за создавање на мрежа за регутиррање и индоктринација на странски борци за учество во војните на Блискиот Исток.
Според истрагата на италијанската полиција, преку оваа мрежа од Италија на боиштата во Сирија заминале најмалку три лица по потекло од Македонија и БиХ. Двајца од нив загинале во текот на 2103 и 2014 година, додека третиот се уште се наоѓа во воената зона.
