Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанска банка повеќе го цени пармезанот од златото

Италијанска банка повеќе го цени пармезанот од златото
Иако е чудно, но банката"„Credito Emiliano“ пармезанот го третира на ист начин како што другите банки ги третираат злато, од многу добра причина: трезорот со сирења има вредност од околу 200 милиони долари. Меѓутоа, во некои делови на Италија, ова е реалноста, бидејќи познатиот„Reggiano" пармезан е толку вреден што некои банки се подготвени да го задржат сирењето како влог за отплата на кредитите на нивните клиенти. Банката , на прв поглед е како и сите останати со повеќе канцеларии низ Италија. Она што е различно е тоа што во сефовите нема злато, дијаманти и пари. Наместо тоа, во нивните трезори се десетици илјади парчиња од пармезан, внимателно поставени на полиците. Оваа банка го зема сирење од локални фармери во замена за отплата на кредитот. Банкарските службеници се грижат за созревање на сирењето на одредена температура и влажност. Со оглед на тоа што Италија западна во својата најлоша криза од Втората светска војна, оваа банка им помогна на производителите на пармезан нивното производство да не пропадне. Производителите се задоволни што 80 проценти од долговите ги враќаат во сирење, а само мал дел од каматата во пари. Притоа банката не е во загуба, бидејќи секогаш може да го продаде сирењето и да заработи пари.
Слично

Поврзани вести