Економија, финансии, бизнис

Контакт

Италијанка не сакала да носи маска во авион, по што е уапсена и осудена

Италијанка не сакала да носи маска во авион, по што е уапсена и осудена

Патничка која одбила да носи маска во авион, e уапсена и осудена.

Авион, кој летал од Малта кон Италија, морал да се врати кратко по полетувањето, затоа што една патничка одбила да носи заштитна маска. Судот објави дека 24-годишна Италијанка, жителка на Бугарија, влегла во расправија со екипажот на лет кој трае 20 минути, одбивајќи да стави маска, иако била предупредена дека тоа претставува здравствен ризик за сите во авионот. Авионот на летот кон италијанската провинција Катанија се вратил на Малта, а жената веднаш била уапсена и однесена на суд. Таа признала дека одбила да ги следи упатствата на членовите на екипажот. Таа е осудена на шест месеци затвор, условно на две години.

Слично

Поврзани вести