Италијанец спаси девојче кое паднало од петти кат
Матија Агуци, банкар од Торино на возраст од 37 години е прогласен за херој откако за чудо фатил дете кое паднало од балкон на петти кат.
Раскажа дека тој и неговата девојка отишле во пекара во центарот на Торино во саботата околу 11 часот.
Тој тврди дека со викање се обидел да го привлече вниманието на тригодишното девојче, но сфатил дека таа не може да го слушне. Потоа проценил каде детето може да падне и застанала таму, пренесува CNN.
Му олеснало кога девојчето почнало да плаче и знаел дека е живо. Премиерката Џорџа Мелони му се заблагодари на човекот кој го спаси девојчето.
Градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо, повика да му се оддаде почит на човекот кој го спаси детето. Во светот имаше и случаи кога деца паѓаа од тераси на згради, но за чудо остануваат неповредени или поминуваа со мали повреди.
foto Twitter
